ПРВ.мк
Македонија

ДОБРА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Општина во Македонија ќе исплаќа по 5.000 денари – еве кој има право!

ДОБРА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Општина во Македонија ќе исплаќа по 5.000 денари – еве кој има право!

Општина Центар објави јавен повик за доделување еднократна финансиска помош на пензионерите во социјален ризик, при што износот годинава е двојно зголемен – од 2.500 на 5.000 денари.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека со ова се исполнува едно од неговите предизборни ветувања.

„Во предизборната програма ветив дека ќе ја удвоиме финансиската помош за пензионерите и тоа ветување го исполнуваме. Нашите повозрасни сограѓани заслужуваат внимание, грижа и конкретна поддршка“, изјави Герасимовски.

Кој има право на 5.000 денари?

Право на помошта имаат примателите на старосна, семејна или инвалидска пензија, како и корисниците на социјална сигурност за стари лица, кои имаат постојано живеалиште во Општина Центар.

Дополнителен услов е месечниот износ на пензијата или социјалната сигурност да не надминува 28.050 денари.

Кои документи се потребни?

За аплицирање потребно е да се достават пополнето барање, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка.

Пензионерите треба да приложат и доказ за примена пензија за јули или август 2026 година, додека корисниците на социјална сигурност треба да достават потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа.

Каде и кога се поднесуваат барањата?

Барањето може да се подигне во Архивата на Општина Центар, во барака 6, или да се преземе од официјалната општинска веб-страница.

Документацијата се поднесува секој работен ден, од 08:30 до 13:00 часот, во барака 6 – Сала на Советот на Општина Центар.

Важно е да се нагласи дека барањата се поднесуваат исклучиво во писмена фор