ПРВ.мк
Македонија

Дигиталните алатки го менуваат начинот на плаќање: Еве како ќе се пресметуваат сметките за струја оваа зима!

Дигиталните алатки го менуваат начинот на плаќање: Еве како ќе се пресметуваат сметките за струја оваа зима!
Kristal

Граѓаните оваа зима ќе добиваат поточни сметки за електрична енергија, откако „Електродистрибуција ДООЕЛ“ Скопје, по налог на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), воведе нов сет мерки насочени кон наплата врз основа на реална, а не проценета потрошувачка.

Според надлежните, процентот на редовно отчитување на броилата е значително зголемен – 95 проценти на тримесечно и 90 проценти на месечно ниво. Истовремено, компанијата започна и таргетирана комуникација со околу 10.000 корисници кои во последните две години поднеле приговори за неточни сметки, со цел навремено решавање на проблемите и подобрување на услугата.

Во пресрет на зимската сезона, РКЕ одржа координативен состанок со раководството на „Електродистрибуција“, каде што беа презентирани конкретните активности за подобрување на отчитувањето и јакнење на комуникацијата со потрошувачите. Од компанијата информираат дека за време на празниците и викендите ќе работат вонредни екипи, со што ќе се обезбеди континуирано и навремено отчитување на броилата.

Од 1 декември, дополнително се прошируваат и дигиталните услуги. Потрошувачите добиваат можност за онлајн корекција на фактури, креирање кориснички профили и користење на повеќе дигитални алатки, меѓу кои „Пријави состојба“ и „Е-фактура“. На сметките јасно ќе биде означено дали потрошувачката е отчитана („О“) или проценета („М“), со што се зголемува транспарентноста.

Од РКЕ и „Електродистрибуција“ упатуваат апел до граѓаните и во зимскиот период да продолжат со рационално и одговорно користење на електричната енергија, нагласувајќи дека новите мерки имаат за цел поголема доверба, точност и заштита на потрошувачите.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape