АМСМ информира дека намалената видливост поради магла достигнува до 50 метри на планинскиот премин Стража и Плетвар, додека во Крушево видливоста е намалена до 70 метри.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози, па АМСМ препорачува возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот и да го почитуваат поставеното сообраќајно сигнализирање.
Од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2026 година.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ посебно предупредува на внимателно управување со возилата на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има ризик од појава на одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
















