ПРВ.мк

Денеска пресуда за Васил Јованов кој на пешачки премин ја прегази Фросина Кулакова

Денеска пресуда за Васил Јованов кој на пешачки премин ја прегази Фросина Кулакова
Jumbo Banner

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за сообраќајката во која трагично загина 24-годишната Фросина Кулакова. Обвинетиот Васил Јованов веќе призна вина за делото „тешки дела против безбедноста во сообраќајот“.

Несреќата се случи на 29 јануари на булеварот „Партизански одреди“, кога Јованов, без возачка дозвола, под дејство на алкохол и со брзина од 91 км/ч, удри во Кулакова на пешачки премин додека таа поминувала на зелено светло. Од ударот, таа почина на лице место.

За делото е предвидена казна до 20 години затвор.

Обвинение е поднесено и против таткото на обвинетиот, Зоран Јованов, за дозволување управување возило без дозвола.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран