Денескане очекува облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови.До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа и над 70 km/h, особено долж Повардарието.
Утринските температури во земјава ќе се движат од 3 до 12 степени, а дневните од 9 до 17.
Во Скопје, променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе биде16 степени.
Утре( понеделник), ќе има преодно стабилизирање на времето и ќе дува засилен северен ветер.
И во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.