На 13 јули православните верници го одбележуваат големиот празник Павловден, посветен на светите апостоли, особено на апостол Павле. На овој ден именден слават сите кои го носат името Павле, Пајо, Павлина, Пала, Павел и слични.
Павловден е дел од Соборот на 12-те апостоли, кои се темелите на христијанската црква и првите проповедници на Евангелието ширум светот. За разлика од Петровден, на Павловден жените посебно обрнуваат внимание на обичаите и традициите.
Во некои краишта на земјата, на Павловден не се работи, бидејќи постои верување дека ако некој биде каснат од пајак додека работи, тешко ќе оздрави. Поради тоа, се избегнуваат активности како жетва и врзување снопови.
Овој ден е исполнет со духовна радост и почит кон апостолите, кои ја донеле надежта и спасението до сите народи.