Општина Кавадарци под водство на градоначалникот Митко Јанчев и оваа година ја покажува својата посветеност кон културата и традицијата, со усвоената програма за Тиквешки Гроздобер 2025 која ќе ја обедини музиката и локалната традиција. Гроздоберот, кој е еден од најзначајните настани за градот и регионот, оваа година ќе биде збогатен со настапи на македонските артисти Тајзи, Куку Леле, DJ Oky Doky, Либеро Бенд, Андријана Петрушовска, народните бендови од тиквешијата Акустико бенд, Трио Мањифико и Акустико лајт и гостите од соседството Марија Шерифовиќ, Наташа Беквалац и Теодора Џехверовиќ.
Покрај сценската програма, манифестацијата е исполнета и со следните настани вредни за посета и поддршка: Кошаркарски турнир „Сестри Китеви“, Мото рели, Традиционален тиквешки карневал, Изложба на олд тајмери, Таблијада, Свечена седница за денот на Општината на која настапува Зарина Првасевда со уникатна македонска песна, Детско карневалско дефиле, настап на Детскиот хор “Гроздоберче”, изложба на единствениот Мирослав Масин, промоција на книги од македонски автори и многу други.
Со вакви настапи и настани, општина Кавадарци и Митко Јанчев го потврдуваат статусот на центар на културата и традицијата во регионот, создавајќи уникатни моменти за граѓаните и посетителите на градот.