ПРВ.мк
Македонија

Шок најавa: Пешаците ќе плаќаат казни ако зборуваат на мобилен – еве од кога стартува

Шок најавa: Пешаците ќе плаќаат казни ако зборуваат на мобилен – еве од кога стартува

Министерот за внатрешни работи најави радикални измени во Законот за безбедност на сообраќајот, кои од 2026 година ќе донесат нови правила за сите учесници во сообраќајот. Освен возачите, забраната за користење мобилни телефони и електронски уреди ќе важи и за пешаците и велосипедистите.

Според предлогот, казни ќе се изрекуваат за секој што ќе користи телефон додека вози велосипед, мопед, мотоцикл, скутер, трактор и други возила, но и за пешаците кои зборуваат или користат телефон при одење, преминување улица или движење по велосипедски патеки.

Тошковски нагласи дека оваа мерка е дел од проектот „Безбеден град“, чија цел е да се намалат сообраќајните прекршоци и да се зголеми безбедноста на улиците, особено во урбаните средини каде невниманието најчесто е причина за несреќи.

Со овие измени, Македонија станува една од ретките земји во Европа што планира да воведе вакви строги правила и за пешаците.

Escape