ПРВ.мк

Божиновска: Енергетски работници, вашиот труд ја движи нашата енергија напред

Божиновска: Енергетски работници, вашиот труд ја движи нашата енергија напред
Jumbo Banner

По повод 1 Мај – Меѓународниот празник на трудот, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, испрати поздрав до сите работници во енергетскиот сектор – од рудниците, преку електростопанствата, до мрежите за пренос и дистрибуција на енергија.

“Почитувани работници на енергетскиот сектор, Почитувани рудари, енергетичари, техничари, инженери, геолози, електричари, оператори и сите што го движите срцето на енергетскиот систем – ви го честитам 1 Мај, Денот на трудот, со длабока почит за тоа што секојдневно го вложувате.”

“Без вашиот труд – нема струја, нема топлина, нема индустрија. Вие сте тие што ја носите енергијата до секој дом, под земја и на далновод, во смени, во тешки услови, и секогаш со одговорност.”

“Вие не сте само дел од системот – вие сте силата што ја држи државата исправена”, истакна Божиновска.

Вашиот предаден труд, инвестираната сила и познавање, како што нагласи министерката, се придвижувач на нашата економија и гаранција за енергетската стабилност на државата.

“Благодарение на вас, и во најтешките услови, енергијата не запира – ниту за домаќинствата, ниту за стопанството.”

“Како министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, ќе продолжам да се борам за подобри услови, за поголема поддршка, и за повеќе вреднување на секој чесен работник во нашиот сектор. Вашиот труд не смее да остане незабележан.”

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува силен партнер на секој енергетски работник и ќе продолжи да работи на креирање стабилна иднина на енергетскиот сектор.

“Денес, на 1 Мај, ние го славиме вашиот труд – Вие сте оние кои ја прават разликата,” напиша Божиновска во честитката.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран