ПРВ.мк
Македонија

АПЕЛ ОД НАШ ДОКТОР: „Не фрлајте ниту денар на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела мафија е“

АПЕЛ ОД НАШ ДОКТОР: „Не фрлајте ниту денар на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела мафија е“
Kristal

Гинекологот акушер д-р Ненад Лазаров, кој работи во Државната болница во Скопје, јавно упати сериозен апел до граѓаните во врска со, како што наведува, организирана група лица кои се претставуваат како просјаци во кругот на Клиничкиот центар.

Во својата објава, докторот посочува дека најчесто жртви се токму најранливите – сиромашни и изнемоштени луѓе кои доаѓаат во болниците со здравствени маки. Според него, станува збор за скромни граѓани кои одвојуваат од сопствените последни средства за да им помогнат на лица што, како што тврди, лажно се претставуваат како инвалиди и просјаци.

Тој наведува дека овие лица се стратешки распоредени низ Клиничкиот центар и секојдневно собираат значителни суми пари. Според неговото сведочење, парите ги окрупнуваат во локални продавници, па дури и во црквата во рамки на Клинички. Докторот тврди дека лично бил сведок на случај во кој едно од овие лица окрупнило 7.000 денари за кратко време.

Дополнително, во апелот се наведува дека дел од овие лица пристигнуваат и си заминуваат со автомобил, што, според него, укажува дека не станува збор за класични социјални случаи, туку за организирана структура која функционира секојдневно. Тој порачува граѓаните да не даваат пари и смета дека надлежните институции треба посериозно да се зафатат со овој проблем.

Покрај ова предупредување, д-р Лазаров упати и уште еден апел поврзан со однесувањето во околината на Клиничкиот центар. Тој ги повика возачите да се воздржат од постојано и агресивно свирење со автомобилите на улицата Водњанска и на паркингот кај болниците. Според него, таквото однесување не придонесува за расчистување на сообраќајниот метеж, туку создава дополнителен стрес кај пациентите.

Особено нагласува дека бучавата ги вознемирува трудниците, тазе породените жени и новородените бебиња, кои имаат потреба од мир и стабилна средина во чувствителен период.

Со своите објави, докторот отвора прашања за состојбата во и околу најголемиот здравствен комплекс во земјата, апелирајќи на поголема свесност кај граѓаните и институционална реакција.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape