Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград поради неовластено користење на туѓа платежна картичка.
На 9 октомври 2025 година, тој, како што се наведува во пријавата, користел изгубена картичка на лице од Кичево и извршил плаќања во два наврати во локални продавници. По преземените полициски мерки, сторителот бил пронајден и приведен во станицата.
Полицијата апелира до сите граѓани да бидат внимателни и да ги пријавуваат изгубените картички веднаш, за да се спречат вакви злоупотреби.
















