Поради зголемена опасност од пад и директно загрозување на безбедноста на граѓаните, започнати се координирани активности за отстранување на склонопадни објекти на повеќе критични локации низ градот.

Денеска градежната механизација и стручните служби ги одвиваат активностите на терен на улицата „Кукушка“. Со оваа мерка се делува превентивно за целосна заштита на пешаците, возачите и околните објекти, со цел да се спречат несакани последици и материјални штети, како и да се обезбеди побезбедна и поуредена урбана средина за сите.
Безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет во планирањето на комуналните активности, а отстранувањето на ваквите небезбедни објекти ќе продолжи и во наредниот период, строго согласно проценките и плановите на стручните општински служби.








