ПРВ.мк

Акција “Чистач”: Полицијата со претреси и апсења низ цела Македонија, еве што се случува

Акција “Чистач”: Полицијата со претреси и апсења низ цела Македонија, еве што се случува
VERO Banner

Со овие активности, полицијата покажува јасна волја и решителност да го минимизира ова зло, кое демне низ улиците, клубовите и училиштата – зло кое криминалните групи го користат за остварување профит на грбот на невини деца и граѓани, уништувајќи цели генерации.

Неофицијално, КУРИР дознава дека Бирото за јавна безбедност при МВР спроведува координирани претреси на повеќе локации низ целата територија на Македонија.

Активностите се насочени кон сузбивање на уличното дилерство и нелегалното поседување оружје. Според неофицијални информации, акциите се одвиваат во рамки на оперативната акција „Чистач“, која функционира во Бирото веќе неколку месеци.

Уличното дилерство е распространета мрежа составена од различни криминални групи кои, за личен профит, ги таргетираат и анимираат најмладите и најранливите категории граѓани.

Со овие активности, полицијата покажува јасна волја и решителност да го минимизира ова зло, кое демне низ улиците, клубовите и училиштата – зло кое криминалните групи го користат за остварување профит на грбот на невини деца и граѓани, уништувајќи цели генерации.

Kurir.mk

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран