ПРВ.мк
Македонија

Ако денеска не се избере градоначалник – еве кога ќе се одржи шокантниот втор круг на изборите

Ако денеска не се избере градоначалник – еве кога ќе се одржи шокантниот втор круг на изборите

Во 19:00 часот се затворија гласачките места, а неофицијалните резултати од Локалните избори 2025 се очекува да бидат познати во следните неколку часа. Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна 12 часа по завршувањето на гласањето ќе ги објави првичните резултати.

Според член 132 став 1 од Изборниот законик, ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не добие потребното мнозинство гласови, се одржува вториот круг, каде гласаат двата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг ќе се одржи во рок од 14 дена, односно на 2 ноември, а градоначалник ќе биде избран кандидатот со поголем број гласови.

Во најмалку 21 општина со по двајца кандидати се очекува изборите да завршат вечерва и да биде избран градоначалник, но според претходните анкети, тоа може да се случи и во други општини. Ако по вториот круг изборот не се изврши, изборната комисија во рок од 15 дена ја известува Владата.

Советниците се избираат во првиот круг по пропорционален модел, со распределба на мандатите според Д’Хондтовата формула. Вкупниот број гласови за кандидатските листи се дели со низот на делители 1, 2, 3… до бројот на членови кои се избираат во советот. Најголемите количници од делбата одредуваат колку членови добива секоја листа.

Кампањата за вториот круг започнува веднаш в понеделник, на 20 октомври, и завршува на 30 октомври на полноќ, додека гласањето за вториот круг е закажано за 2 ноември.

Escape