ПРВ.мк
Македонија

(Видео) Шокантно во Скопје: Уапсени 11 за лихварство и перење пари вредно над 2 милиони евра!

(Видео) Шокантно во Скопје: Уапсени 11 за лихварство и перење пари вредно над 2 милиони евра!

Во голема координирана акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, извршени се претреси на повеќе локации низ Скопје. При акцијата, 11 лица се лишени од слобода, додека едно лице, Б.К. (35), е во бегство и недостапно за органите на прогонот.

Сите осомничени се обвинети за кривични дела „Лихварство“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Според истрагата, од 2022 година до денеска тие дејствувале како организирана криминална група, која давала пари на заем со незаконски високи камати. Месечните камати се движеле од 5 до 15 проценти, а за секое задоцнување се пресметувало дополнително зголемување.

Кога должниците не можеле да ги вратат средствата, осомничените барале предавање или оптоварување на недвижен имот, кој потоа го префрлале на свое име или на име на соработници. Исплатата се вршела директно во готовина или преку банкарски сметки, а парите потоа се префрлале на други сметки, складирани во сефови или користени за купување имот и луксузни добра.

Според проценките на полицијата и обвинителството, групата нелегално стекнала имотна корист од најмалку 125 милиони денари, односно над 2 милиони евра. Дел од средствата биле користени за лични потреби, а дел за купување станови, возила и други вредности, со цел да се создаде привид на легално потекло на парите.

Против 12 лица и едно правно лице е поднесена кривична пријава, а истрагата продолжува за да се утврди дали има и други вмешани лица или институции кои им помогнале во незаконските финансиски трансакции.


Видео:

Escape