ПРВ.мк
Скопје

ВО СКОПСКИОТ ГРАДСКИ ПАРК СЕ ОДРЖА АКЦИЈА СО ВАЖНА ПОРАКА ДО СИТЕ ВОЗАЧИ! „Заедно за патишта без жртви“

ВО СКОПСКИОТ ГРАДСКИ ПАРК СЕ ОДРЖА АКЦИЈА СО ВАЖНА ПОРАКА ДО СИТЕ ВОЗАЧИ! „Заедно за патишта без жртви“

По повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, во Скопје беше спроведена заедничка превентивно-едукативна акција на Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Активноста се одржа на 15 ноември 2026 година, кај фонтаната во Градскиот парк, а во неа учествуваа полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при МВР и Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со РСБСП.

Под мотото „Заедно, со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви!“, целта на акцијата била да се подигне свеста кај граѓаните за важноста на внимателното и совесно учество во сообраќајот, како и да се намали бројот на сообраќајни незгоди и загинати лица на патиштата.

ЛЕТОЦИ И АПЕЛИ ДО ГРАЃАНИТЕ

Во рамки на активноста, на граѓаните им биле поделени едукативни материјали со превентивни пораки и апели за одговорно однесување во сообраќајот.

Посебно внимание било посветено на почитувањето на сообраќајните правила и прописи, како и на потребата секој учесник во сообраќајот да се грижи не само за сопствената, туку и за безбедноста на другите.

ОД 15 НОЕМВРИ ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ЗИМСКАТА ОПРЕМА

За време на акцијата бил упатен и потсетник дека од 15 ноември започнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Возачите биле повикани да ја приспособат брзината и начинот на управување со возилото на временските услови и состојбата на патиштата.

Од институциите порачуваат дека безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност и дека со почитување на правилата, внимателно возење и соодветна зимска опрема може да се придонесе за спречување на несреќи и спасување човечки животи.

Најнови вести