ОВР Струга поднесе кривична пријава против двајца млади мажи од дебарски села, кои се сомничат за тешки кривични дела – „грабнување“ и „полов напад и силување“.
Според информациите, пријавените се А.Л. (26) од село Џепиште, кој се товари за двете кривични дела, и Е.В. (18) од село Отишани, кој е осомничен за „грабнување“.
Инцидентот се случил на 6 ноември 2025 година, околу 19 часот, кога двајцата осомничени насилно влегле во дворот на куќа во едно дебарско село и ја киднапирале 30-годишната жена, влечејќи ја во патничко возило „Ауди“, управувано од Е.В.
Потоа, тие се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга, каде А.Л. физички ја нападнал жената, по што таа паднала во бессознание. Наместо да застане, тој ја силувал жртвата.
По сторениот чин, А.Л. го повикал Е.В., и двајцата ја однеле жената во Општата болница во Струга, каде што ѝ била укажана медицинска помош.
Полицијата брзо реагирала и ги пронашла и уапсила двајцата сторители, а по документирање на случајот, против нив е поднесена кривична пријава.
Истражните органи продолжуваат со собирање на докази, додека јавноста е шокирана од бруталноста на овој напад кој уште еднаш го отвора прашањето за заштитата на жените од насилство.
















