ПРВ.мк
Македонија

По денови борба со огнот – конечно мирно утро без активни пожари во Македонија

По денови борба со огнот – конечно мирно утро без активни пожари во Македонија
Escape

По подолг и напорен период, Македонија конечно осамна без активни пожари, информира Центарот за управување со кризи. Единствениот пожар кој сè уште е присутен, на планината Готен кај Берово, е ставен под контрола и не претставува закана.

Во изминатите 24 часа биле регистрирани 13 пожари, но пожарникарите успешно изгаснале 12 од нив, што е огромен напредок во справувањето со огнената стихија.

Ова е ретка, но охрабрувачка вест за жителите, кои деновиве се соочуваа со високи температури и големи пожари низ земјата.

Mia Home Mavrovo