ПРВ.мк
Македонија

ПОЧИТ КОН ХЕРОИТЕ: Тошковски ги посетил децата и семејствата на загинатите бранители - еве што им порача!

ПОЧИТ КОН ХЕРОИТЕ: Тошковски ги посетил децата и семејствата на загинатите бранители - еве што им порача!
Kristal

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска имаше посета на децата и семејствата на загинатите бранители кои, традиционално во овој период, престојуваат во зимското одморалиште на МВР на Пониква.

„Имав чест заеднички ручек да поминеме време во искрена и топла атмосфера, да разговараме на повеќе теми. Жртвата што ја дале нивните најблиски е најголемата можна жртва, затоа што тие ги загубиле своите татковци, сопрузи, синови во одбрана на татковината“, истакна Тошковски во објавата на својот Фејсбук профил.

Министерот нагласува дека жртвата на загинатите бранители не смее и нема да биде заборавена. „Таа за нас претставува аманет и трајна обврска – секогаш да бидеме покрај нив, да им даваме поддршка, да ги почитуваме и да одговараме на нивните потреби во рамките на надлежностите што ги имаме“, додаде Тошковски.

Посетата на Пониква ја потврди посветеноста на МВР кон семејствата на загинатите и ја истакна важноста на континуирана грижа и поддршка за нивните најблиски.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo