ПРВ.мк

28 лица се осомничени за трагедијата – Коцевски: Коренот е во длабока системска корупција

28 лица се осомничени за трагедијата – Коцевски: Коренот е во длабока системска корупција
VERO Banner

Вкупно 28 лица засега се осомничени за трагедијата во Кочани, информира државниот обвинител Љупчо Коцевски, во интервју за српска „Полтиика“. Тој истакнува дека најголемиот дел се осомничени за делото „тешки дела против општата сигурност“, за што има казна затвор до 20 години. Коцевски додава дека се испитуваат сомнежи и за делата „давање и примање на поткуп“, „незаконска употреба на пиротехника“ и други.

„До овој момент со статус осомничен се 28 лица, од кои тројца се во болница, 18 се притворени во предистражна постапка, а против седум полициски службеници се води истрага и тие исто така се во притвор“, изјави Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител.

На полицајците вчера им беше одреден 30-дневен притвор, зашто потпишувале документи со кои овозможиле кабарето да работи и покрај лошите услови и дале позитивна согласност до Министерството за економија за издавање на лиценца за работа во 2023-тата година. Коцевски вели дека ќе одговараат и оние кои со своето непостапување и неисполнување на службените должности имаат дел од вината за катастрофата. Според него, политичката злоупотреба на трагедијата е недопустлива.

„Доказите кои секој ден ги прибавуваме укажуваат на тоа дека коренот е во општата ерозија на системот, културата на непочитување на законите и правилата, но и длабока системска корупција“, изјави Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител.

Во последната изјава за јавноста, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека бројот на осомничени ќе расте.

„Ова не е затворање на списокот на осомничени. Зошто? Заради тоа што огромна документација се разгледува, поврзана со кривично-правниот настан“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Покрај вработени во повеќе институции задолжени за издавање лиценци и нивна проверка на терен, во притвор остануваат и поранешните функционери Крешник Бектеши, Горан Трајковски, Беким Максути… Обвинителството ќе треба утре за нив да носи нова одлука – дали ќе биде побаран 30-дневен притвор.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран