Тајна ноќна акција низ Скопје и околината – полицијата упадна на повеќе локации
Во ноќта меѓу 16 и 17 јули, полицијата изврши координирана акција на неколку локации во Скопје, Арачиново и Куманово, при што беа приведени девет лица под сомнение за поседување недозволени супстанци.
Во рациите се приведени лица на возраст меѓу 22 и 41 година, а при претресите биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, за која се претпоставува дека е наркотик.
Против осомничените се води истрага, а по комплетирање на доказите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.