Во општинското училиште „Гоце Делчев“ денес беше одбележана 123 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев. Настанот беше посветен на ликот и делото на Делчев и неговиот придонес во борбата за слободата и независноста на македонскиот народ, кој, како што беше истакнато, останува трајно врежан во колективната меморија.


Во обраќањето беше нагласено дека големите луѓе стануваат бесмртни токму преку делата што ги оставаат зад себе, а Гоце Делчев е препознаен како столб на македонското револуционерно движење и симбол на идејата за слобода.



Одбележувањето заврши со порака дека треба да бидеме достоинствени наследници на Војводата и со честитка по повод патрониот празник на училиштето, со желба тој да биде вечен.






