ПРВ.мк

12 години затворска казна за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова

12 години затворска казна за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова
Jumbo Banner

Васил Јованов денеска беше осуден на 12 години затвор од страна на Основниот кривичен суд во Скопје, за сообраќајната несреќа во која трагично загина Фросина Кулакова.

Несреќата се случи на 29 јануари на булеварот „Партизанска“, кога Јованов, управувајќи возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол и со брзина од 91 км/ч, ја удри Кулакова на обележан пешачки премин, додека таа преминувала на зелено светло.

Од здобиените повреди, Кулакова починала на самото место.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран