ПРВ.мк

Во Обединетите Арапски Емирати ќе се прогласи Месец на Македонија

Во Обединетите Арапски Емирати ќе се прогласи Месец на Македонија
Jumbo Banner

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека донел убави вести од последната посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Во Собранието рече дека се преговара за дополнителна линија од Абу Дубаи до Охрид.

-Дали тоа ќе биде „Емирејтс“ или „Ер Арабија“, се преговара и се разговара, изјави денеска претседателот на Владата.

Вели дека би бил среќен доколку до крајот на годината, се објави уште една дестинација и тоа да биде од Охрид. Смета дека ќе биде додадена вредност за туризмот во градот.

-За претстојниот исламски верски празник, една од најголемите туристички агенција во ОАЕ, а можеби и најголемата, ќе го прогласи месецот претходно како Месец на Македонија и ќе ја промовира земјава како туристичка дестинација на жителите на Емиратите. Добив уверување од главниот емир на земјата дека со таа нивна пропаганда оваа информација ќе стигне до најмалку милион луѓе. Летот е околу пет часа, кажа премиерот.

На почетокот на месецов беше објавено дека се одложува авиолинијата Скопје-Дубаи што беше најавена дека ќе се воведе од 30 март. Компанијата „ФлајДубаи“ доставила барање до Министерството за транспорт и врски за пролонгирање на линијата која беше дел од субвенционираните летови избрани на првиот повик на Владата. Летовите ќе започнат од наесен.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран