ПРВ.мк
Магазин

Таблета за болка ја остави без кожа и ја однесе во кома – шокантна судбина на млада мајка

Таблета за болка ја остави без кожа и ја однесе во кома – шокантна судбина на млада мајка

Замислете да испиете лек за болка, а вашето тело да почне да ја отфрла сопствената кожа. Токму тоа ѝ се случило на Алешија Роджерс од Небраска, млада мајка која по породувањето редовно земала ибупрофен и завршила во индуцирана кома додека 95% од нејзината кожа отпаднала.

Сѐ започнало само три недели по царскиот рез. Алешија почувствувала висока температура, болки во грлото и појава на осип, кој за кратко време преминал во плускавци и лупење на кожата. Лекарите утврдиле дека станува збор за редок и исклучително опасен Стивенс-Џонсонов синдром (SJS), кој кај неа се развил во најтешка форма – токсична епидермална некролиза (TENS).

Таа била итно префрлена во оддел за изгореници и ставена во индуцирана кома. Во тие критични денови се борела со сепса и откажување на органи, додека лекарите правеле пресадувања кожа за да ѝ го спасат животот. „Фамилијата доби вест дека имам само 5 до 10% шанса да преживеам“, раскажува Алешија.

По еден месец интензивна нега, таа се разбудила и полека започнала долготраен процес на опоравување. Иако успеала да преживее, пет години подоцна сѐ уште се соочува со трајни последици – чувствителна кожа и постојан страв од нова реакција.

Според медицинските податоци, секоја година околу 33.000 луѓе заболуваат од SJS, а кај TENS смртноста достигнува и до 40%. Нејзината приказна е редок, но сериозен потсетник дека и најобичниот лек може да предизвика катастрофални последици.

„Не сакам луѓето да живеат во страв од лекови, но мора да знаат дека и една таблета може да промени сè“, предупредува Алешија.

Escape