ПРВ.мк
Балкан

Археолози во Албанија открија римска гробница близу границата со Македонија

Археолози во Албанија открија римска гробница близу границата со Македонија

Во Албанија е откриена голема римска погребна комора од третиот до четвртиот век од н.е., прва од ваков вид во земјата што некогаш била дел од Римското Царство.

Откритието следеше откако мештани забележале необични камења на плато во близина на македонската граница и ја известиле археолошката служба. При ископувањата започнати во август, археолозите пронашле подземна структура со големи варовнички плочи испишани со грчки букви.

„Натписот покажува дека погребаното лице се викало Џелијано, име типично за римскиот период. Другото лице најверојатно е член на семејството“, изјави Ериксон Николи, главен археолог на проектот.

Гробницата има димензии 9 на 6 метри и се смета за почивалиште на богат поединец, поголемо од другите гробишта откриени во регионот.

Локалните власти веќе планираат да го претворат откритието во туристичка атракција, а жителите се собраа на местото откако ја слушнаа веста.

Escape