Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска оцени дека дел од европратениците и претставниците на опозициските партии покажале „недостаток на морален кредибилитет“. Тој реагираше по средбата на пет српски опозициски партии со Европскиот парламент во Стразбур, каде што опозиционерите побарале воведување санкции против Вучиќ и други високи владини функционери.
Вучиќ истакна дека барањето за санкции е всушност напад врз државата и народот, а опозицијата „нема план, програма и идеи“. Во гостување на Прва телевизија, претседателот призна дека можеби погрешил што ги нарекол европратениците „олош“, но додаде дека всушност мисли „многу полошо“ за нив.
„Да бидам искрен – мислам многу полошо за нив. Но, дали грешев што ги нареков така, веројатно грешев – претседателот на државата не треба да го користи тој збор во јавниот дискурс“, рече Вучиќ.