Загрижувачки тренд: Сѐ повеќе млади заболуваат од рак – стручњаци препорачуваат едноставни чекори за превенција
Во последните години е забележан вознемирувачки пораст на случаи на рак кај младата популација. Иако традиционално се поврзува со повозрасните, сѐ повеќе луѓе во дваесеттите, триесеттите, па дури и тинејџери, добиваат дијагноза од оваа болест. Научниците сѐ уште ги истражуваат причините за ваквиот тренд, но сомнежите се насочени кон комбинација од современ начин на живот, исхрана, хроничен стрес и загадување на животната средина.
Како одговор на овие предизвици, експертите сѐ погласно го нагласуваат значењето на превенцијата, преку едноставни секојдневни навики кои можат да имаат значително влијание врз здравјето. Еден од тие совети доаѓа од гастроентерологот д-р Сети, кој препорачува еден исклучително едноставен и здрав напиток – зеленo смути.
Зеленo смути: мала промена со голем ефект
„Измешајте лиснат зеленчук како спанаќ или кељ со краставица, целер и малку ѓумбир. Овa смути е богатo со нутриенти и има силни антиинфламаторни својства“, вели д-р Сети во видео објавено на Јутјуб. Овој напиток, според него, може значително да го намали ризикот од хронични заболувања и да ја подобри општата состојба на организмот.
Во брзото темпо на современиот живот, особено кај младата и работна популација, приготвувањето здрави оброци може да биде предизвик. Затоа, смутито претставува практично и ефикасно решение. За разлика од соковите, смутито ја задржува природната влакнеста структура на овошјето и зеленчукот, што помага во варењето и регулирањето на шеќерот во крвта.
Рецепт за едноставен и здрав зелен смути
За подготовка на ваков напиток потребни се:
1 полна шолја свеж спанаќ
1 шолја кокосова вода
½ шолја замрзнати парчиња ананас
½ банана
¼ авокадо
Оваа комбинација нуди идеален баланс на вкусови и хранливи материи, со низок процент на шеќер и висока содржина на растителни влакна.
Физичка активност – клучен фактор за здравје
Покрај исхраната, експертите подвлекуваат дека физичката активност игра клучна улога во спречувањето на болести. Според д-р Мери Морис, биохемичарка од Универзитетот во Лафборо, Велика Британија, само 7.000 чекори дневно го намалуваат ризикот од рак за 11%, додека 9.000 чекори го намалуваат за 16%.
„По таа бројка, здравствените придобивки се стабилизираат, но остануваат значајни“, истакнува таа, додавајќи дека дури и мали промени во секојдневието – како пиење зелен смути и зголемување на дневната физичка активност – може да имаат големо влијание врз долгорочното здравје.
Во услови на пораст на болести меѓу младите, навремената превенција преку мали, но доследни здрави навики, претставува најдобра инвестиција во иднината.