ПРВ.мк
Магазин

Сè е подготвено за полнолетството на Атина Тошиќ: Прослава од над 50.000 евра, познато кој е поканет

Сè е подготвено за полнолетството на Атина Тошиќ: Прослава од над 50.000 евра, познато кој е поканет

Вечерва во престижен белградски хотел ќе се одржи голема гала-прослава по повод родендените на Атина и Ника Тошиќ, ќерките на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ.

Посебен повод е полнолетството на Атина, која го слави својот 18-ти роденден, додека нејзината помлада сестра Ника полни 17 години.

Според српските медиуми, подготовките траат со денови, а Јелена Карлеуша лично се погрижила за голем дел од деталите. За Атина и Ника се подготвени посебни креации, а за нивната шминка и фризура се ангажирани професионалци.

Посебно внимание е посветено на салата и декорацијата, за која се наведува дека пристигнува од странство. Вредноста на целата прослава, според неофицијалните информации, надминува 50.000 евра.

На списокот со гости се споменуваат бројни познати личности, меѓу кои Драгана Мирковиќ, Индира Радиќ, Вики Миљковиќ, Десингерица, Сузана Јовановиќ, Гога Секулиќ, Зорица Брунцлик, Стоја, Саша Матиќ и други. Меѓу гостите од медиумскиот свет се најавува и водителката Јована Јеремиќ.

За музичкиот дел од вечерта, според најавите, ќе биде задолжена самата Јелена Карлеуша.

Во фокусот повторно се најде и односот меѓу Карлеуша и нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ. Српските медиуми пишуваат дека двајцата во последниот период се во добри односи и заеднички се вклучиле во организацијата за на своите ќерки да им приредат незаборавна вечер.

За претставниците на медиумите е организиран посебен коктел од 19 часот, додека пристигнувањето на гостите е предвидено од 20 часот.