ПРВ.мк

Проширените вени можат да бидат поврзани со неизлечива болест

Проширените вени можат да бидат поврзани со неизлечива болест
Jumbo Banner

Проширените вени може да бидат поврзани со повисок ризик од деменција, покажува голема студија

Проширените вени, чест здравствен проблем што предизвикува непријатност и естетски тегоби, сè почесто се поврзуваат со посериозни здравствени состојби. Најнова студија од Јужна Кореја укажува на можноста од значително зголемен ризик од развој на деменција кај лицата кои страдаат од проширени вени.

Истражувањето, во кое биле анализирани податоци од речиси 400.000 возрасни лица со просечна возраст од 56 години, покажало дека кај околу 5.000 испитаници со дијагностицирани проширени вени, ризикот од појава на деменција бил зголемен за 23,5 отсто во споредба со останатите.

Оваа поврзаност останала статистички значајна и по земањето предвид на други фактори на ризик, како што се возраста, полот, телесната тежина, пушењето и консумацијата на алкохол. Најголем ризик покажале мажите, пушачите и лицата кои редовно консумираат алкохол.

Иако причината за оваа поврзаност сè уште не е целосно разјаснета, експертите се сомневаат дека лошата циркулација – веќе познат ризик-фактор за оштетување на мозочното ткиво – може да игра клучна улога. Дополнително, се претпоставува дека проширените вени можат да поттикнат воспалителни процеси во организмот кои го забрзуваат дегенеративното оштетување на мозокот.

Охрабрувачки се податоците што укажуваат дека лицата кои навремено ги лекувале проширените вени имале 43 отсто понизок ризик од развој на васкуларна деменција – облик на деменција што се појавува како резултат на нарушен доток на крв во мозокот, честопати предизвикан од микроинфаркти.

Проширените вени се релативно честа појава, најчесто на нозете, но можат да се јават и на други делови од телото. Како главни ризик-фактори се наведуваат долготрајното стоење или седење, пушењето и прекумерната телесна тежина.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран