Посните крофни се одличен избор за време на пост, бидејќи се едноставни за подготовка и многу вкусни. Можете да ги правите без додаток на јајца и млеко, а имаат одлична текстура и вкус. Ако сакате, можете да ги наполните со џем по избор, а нивниот освежувачки вкус доаѓа од кората на лимон или портокал.
Состојки:
500 гр брашно
1/2 коцка свеж квасец
200 мл млака вода
75 мл масло
2 лажици шеќер
Рендана кора од 1/2 лимон или портокал
Дополнително:
Масло за пржење
Шеќер во прав
Подготовка:
Издробете го квасецот во малку млака вода, додајте една лажичка шеќер и малку брашно, па оставете го да се активира.
По околу 10 минути, во длабок сад измешајте ги останатите состојки, додадете го квасецот и замесете мазно тесто. Оставете го да стаса околу 30 минути.
По стасувањето, повторно замесете го тестото и префрлете го на набрашнета површина. Расукајте го на дебелина од околу 1 сантиметар и извадете крофни со чаша која претходно сте ја валкале во брашно. Оставете ги да нараснат.
Во поголема тава загрејте масло на висока температура. Кога ќе се загрее, додадете ги крофните, намалете ја температурата и пржете ги по неколку минути од двете страни додека не добијат златно-кафеава боја.
Извадете ги на хартиена крпа за да се впие вишокот маснотии, оставете ги да се изладат и посипете со шеќер во прав.
Уживајте во вкусот на овие брзо подготвени, посни крофни!