ПРВ.мк

Мајка природа: Таа е прогласена за најзгодната жена-војник на светот (ФОТО)

Мајка природа: Таа е прогласена за најзгодната жена-војник на светот (ФОТО)
VERO Banner

Некогаш сонувала за спортска кариера, но на крајот стана едно од најпрепознатливите лица на социјалните мрежи. Израелката Агам Естер Тамам, поранешна спортистка и војник, денеска освојува публика како инфлуенсерка, модел и креаторка на дигитална содржина, а нејзината популарност брзо расте.

Агам Естер Тамам, млада Израелка, привлекла големо внимание на социјалните мрежи, каде стекнала огромна популарност. Некогаш беше активна во спортот, пробувајќи се во одбојка, пливање и боречки вештини како карате, џудо и бразилска џиу-џица, но не успеала да изгради професионална спортска кариера.

Сепак, брзо ја нашла својата патека во дигиталниот свет. Уште во средно училиште, заедно со пријателките, започнала да објавува интересни видео-снимки, а нејзината популарност со годините растела. Првото големо признавање го доживеала во јули 2023 година, кога објавила прво видео на ТикТок, а денес нејзиниот профил брои речиси 300.000 следбеници.

Покрај тоа што стана препознатливо лице на социјалните мрежи, Агам се занимава и со моделинг, па е заштитно лице на познати брендови на долна облека, бикини, фустани, парфеми, енергетски пијалаци и здрава храна.

Таа исто така се издвои со фактот што служела во израелската армија, што често го прикажува на своите профили преку фотографии и видео-снимки во униформа и со оружје. Преку своите објави ги покажува и своите боречки вештини, а нејзините видеа често вклучуваат и хебрејски песни.

Покрај самостојната кариера, Агам соработува и со пријателката Еден Алал, која исто така е позната инфлуенсерка, а нивните заеднички содржини дополнително придонесуваат за популарноста на социјалните мрежи.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран