Звучи како бајка, но во Хамбург постои компанија каде работниците можат да имаат повеќе од три месеци слободни годишно – и тоа легално и платено! Станува збор за „Aurubis“, најголемиот европски производител на бакар, кој поставува нови стандарди за балансот меѓу работа и приватен живот.
Еве што нуди компанијата:
- Годишна плата до 90.000 евра за искусни работници во смени.
- 61 ден годишен одмор, кој се составува од стандардни 30 дена, дополнителни денови за работници над 55 години, сменска работа, па дури и компензација за времето поминато во соблекувалната и на производната линија.
- Божиќен регрес, придонеси за приватно пензионерско штедење и бесплатна карта за јавен превоз.
Дури и практикантите заработуваат од 1.000 до 1.500 евра месечно во првите години од обуката, а по станање квалификувани работници, платата започнува од 50.000 евра годишно.
Со вакви услови, „Aurubis“ не само што привлекува талентирани работници, туку и покажува дека тешката индустрија може да понуди високи плати, обилни бенефиции и реален баланс помеѓу работа и приватен живот – вистинска работа од соништата.
















