Доколку сте имале проблеми со косата сигурно сте се обиделе со разни шампони и препарати, но дали сте размилсувале дека можеби само грешите во начинот на кој ја расчешлувате косата.
Се чешлате од коренот до врвот
Ова е комплетно погрешно затоа што на тој начин ја извлекувате косата од фоликулите, кинејќи ја. Ставете го чешелот неколку сантиметри до крајот на косата и почнете да чешлате како да ја чешлате слој по слој.
Чешлање на мокра коса
Косата потешко се расчешлува кога е целосно мокра. Оставете ја малку да се исуши па тогаш почнете со чешлањето.
Кратка четвртаста четка
Кратка четвртаста четка со боцки не е најзгодна ако сакте да ја размрсите косата. За оваа цел подобар е чешел со ретки запци, но пред чешлањето нанесете спреј за тенки влакна, користете лосион ако влакната се со средна дебелина и крема за густа коса.
Предолго чешлање
Заборавете ги старите филмови во кои холивудските диви седат пред огледало и долго ја чешлаат косата броејќи до 100. Премногу чешлање може да доведе до кршење на косата. Обрнете повеќе внимание на квалитетот на четката или чешелот.
Погрешна четка
Можеби грешите и во изборот на четката. Четките со природни боцки многу понежно делуваат на косата отколку четките со синтетички боцки. Природните четки одобро ги распоредуваат природните масла на косата.
Валкани четки
Како што е потребно овремено да ги исчистите четките за шминкање, така е потребно да ги исчистите и чешелот и четката. Кога ја миете четката прво отстранете ги влакната а потоа ставете ја под врела вода и притоа може да искористите шампон или сапун. Кога добро ќе ја измиете оставете ја на пешкир да се исуши.
Статички електрицитет
Честото четкање на косата може да доведе до појава на статички електрицитет. Затоа при чешлањето потребно е да ја намокрите косата со вода, или да ставите малку масло за коса на прстите и со нив да поминете низ косата.