Првичните планови за Меѓународната истражувачка станица на Месечината (ILRS), предводена од Кина и Русија, вклучуваат изградба на нуклеарен реактор на површината на Месечината, покажа презентацијата на кинески вселенски претставник во средата.
Презентацијата на Пеи Жаоју, главен инженер на кинеската мисија „Chang’e-8“ во 2028 година, покажува дека снабдувањето со енергија на идната база може да зависи и од големите соларни панели што ќе се градат на сателитот на Земјата.
Целта на мисијата „Chang’e-8“ е да се постават темелите за изградба на постојана лунарна база со екипаж. Кина има амбиции да стане водечка вселенска сила и да постави астронаути на Месечината до 2030 година.
Оваа цел се совпаѓа со поамбициозниот план на американската NASA, чија програма „Artemis“ има цел да испрати американски астронаути на површината на Месечината во декември оваа година.
Ву Веирен, член на Кинеската академија за инженерство и главен дизајнер на кинескиот проект за истражување на Месечината, минатата година изјави дека „основниот модел“ на ILRS на јужниот пол на Месечината ќе биде изграден до 2035 година.
Мисијата „Сhang’e“ е дел од фазата на изградба на тој модел, нагласи Ву.
Во иднина, Кина ќе го започне „555 Project“, кој има цел да покани 50 земји, 500 меѓународни научни институции и пет илјади научници да се приклучат на ILRS.