ПРВ.мк

Филозоф верува дека пронашол доказ: “Смртта не е крај, постојат уште шест фази после неа”

Филозоф верува дека пронашол доказ: “Смртта не е крај, постојат уште шест фази после неа”

Смртта како почеток: Крис Картер верува дека постои живот по животот

„Смртта не е крај, туку почеток на патување низ други нивоа на постоење“, вели Крис Картер, филозоф образован на Оксфорд и долгогодишен истражувач на натприродни феномени. Во својата книга „The Case for the Afterlife“, Картер истражува низа искуства и сведоштва кои, според него, јасно сугерираат дека нашето постоење не завршува со телесната смрт, туку преминува во нова, подлабока фаза.

Книгата опфаќа теми како искуства блиски до смртта, визии на смртна постела, сеќавања на деца на претходни животи и комуникација со починати личности. Посебно внимание Картер посветува на тврдењата на Фредерик Мајерс – поет и еден од основачите на Друштвото за психичко истражување – кој, наводно, дваесет години по неговата смрт комуницирал со медиуми ширум светот, опишувајќи како изгледа животот по смртта.

Според тие извештаи, Мајерс говорел за „неверојатно патување“ низ седум нивоа на постоење, почнувајќи од Земјата, па сè до највисоките сфери: Хад, Трета Рамнина, Еидо, Рамнина на пламенот, Рамнина на светлината и последната – шестата рамнина.

Vero

Хад, како што го опишува Картер, е преодна фаза – место за одмор и прилагодување пред преминот во повисоките нивоа. Третата рамнина потсетува на Земјата, но тука душите се групираат според заеднички интереси и заеднички создаваат сопствени средини. Оние кои преферираат самотија, имаат можност да оформат свет по сопствена мерка.

На четвртата рамнина – Еидо, реалноста е уште поубава, со бои и пејзажи кои, според Мајерс, човечкиот ум не може ни да ги замисли. Тој лично тврдел дека досегнал до ова ниво. Повисоките рамнини, особено шестата, се духовни по природа – таму душите стануваат „бела светлина“ и се спојуваат со безвременските суштества. Иако самиот не стигнал до оваа фаза, Мајерс добил информации од оние кои, наводно, ја имаат искусено.

Картер, сепак, предупредува дека задгробниот живот не секогаш е идиличен. Душите кои живееле себично и со злонамерни намери, наводно, се будат во пониски, мрачни и осамени рамнини – без деца, радост или утеха – сè додека не се ослободат од сопствената темнина. „Како некој ќе ја доживее третата рамнина, зависи не само од земниот живот, туку и од неговата духовна и морална зрелост“, заклучува Картер.

Agria