ПРВ.мк

Балкански одбранбен сојуз без Бугарија? Софија демантира вклученост со Косово, Албанија и Хрватска

Балкански одбранбен сојуз без Бугарија? Софија демантира вклученост со Косово, Албанија и Хрватска

Бугарија не планира да се приклучи на договорот за одбранбена соработка потпишан минатиот месец меѓу Косово, Албанија и Хрватска, тврди бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, демантирајќи информации кои кружат во медиумите.

„Немаме добиено официјална покана, ниту сме биле консултирани“, истакна Георгиев во писмен одговор до пратеници, пренесува бугарската новинска агенција БТА.

Тој појасни дека Министерството добило копија од т.н. Заедничка декларација на 25 март, преку усна нота испратена од албанската амбасада во Софија. Но, според него, тоа не значи дека Бугарија изразила интерес за приклучување.

„Информациите кои тврдат дека сме покажале неофицијален интерес се неточни“, додаде шефот на дипломатијата.

Vero

Оваа изјава е реакција на тврдењата на косовскиот министер за одбрана Ејуп Македончи, кој за ТРТ Балкан изјави дека Бугарија е во контакт со Хрватска и можеби ќе стане дел од одбранбениот сојуз.

Договорот меѓу Косово, Албанија и Хрватска беше потпишан во Тирана на 18 март 2025 година и се смета за стратегиски чекор за засилување на регионалната безбедност. Но, според официјална Софија – Бугарија (барем засега) не е дел од таа приказна.

Agria