Зошто е подобро да не го почнете денот со кафе?
Утринското кафе е омилен ритуал за многумина, но пиењето кафе веднаш по будењето не е најдобро за организмот. Научни истражувања и нутриционисти советуваат да се почека 30-60 минути пред првото кафе, додека телото се хидрира и активира на природен начин.

Кафето веднаш по будењето може да ги зголеми нивата на кортизол, „стрес хормон“ што веќе е на високо ниво утринските часови. Ова доведува до зголемен стрес и вознемиреност. Исто така, кафе на празен стомак го зголемува производството на желудочна киселина, што може да предизвика киселини, рефлукс и непријатности, особено кај чувствителен стомак.
Утринските навики како чаша топла вода со лимон, лесно истегнување или кратка прошетка, како и здрав појадок, помагаат телото полесно да се разбуди и ја стимулираат дигестијата без непријатности. Хидратацијата со вода пред кафето е исто така важна бидејќи кафе има диуретичко дејство и може да предизвика дехидрација.
Најдобро е кафето да го консумирате по 30-90 минути од будењето, кога кортизолот опаѓа, а кафето ќе делува посилно и безбедно. Ако не можете без кафе веднаш, земете храна и пијте вода пред тоа.
Кафето во умерени количини има многу здравствени бенефити, но почетокот на денот му припаѓа на природното разбудување и хидратација за поенергичен и поздрав старт.