ПРВ.мк
Магазин

Адријана Кеш доби необична „понуда“ од Душко Тошиќ: „Не и кажувајте на Карлеуша“

Адријана Кеш доби необична „понуда“ од Душко Тошиќ: „Не и кажувајте на Карлеуша“

Атрактивната фолк пејачка Адријана Ацевска беше изненадена кога на својот Инстаграм профил доби порака од, како што изгледа, Душко Тошиќ, поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша. Пораката, која ветуваше „пријателство“, ја остави пејачката во чудо, особено затоа што се работи за лажен профил.

„Седете мирни, имам понуда од Душко Тошиќ… п.с не кажувајте на Карлеуша, не можам сега да се расправам… Јас не знам како не им се смачи на ‘Душко Тошиќ’ луѓево со лажни профили“, напиша Ацевска во описот на објавата.

Иако е јасно дека станува збор за фан со лажен профил кој сака виртуелно да комуницира со пејачката, Ацевска реши да остане во својот летен релаксиран дух по одморот во Тунис и да не се оптоварува со неповикани „понуди“.

Escape