Исповедта на една мајка која останала сама ги растажи сите. Таа со тажни зборови опиша како целиот живот се борела за своите деца – да бидат нахранети, здрави и среќни, а денес е принудена да ја издржи самотијата и тишината во домот.
„Годините минаа, сите тргнавте по свој пат, а јас останав сама да ги гледам вашите слики и да го чувам огништето. Моите солзи не се од глад или болест, туку од осаменост и тага. Очите ми се жедни за вас, рацете сакаат да ве гушкаат…“ – вели мајката.
Нејзината исповед ја покажува болката на секоја мајка што со љубов ги израснала децата, а сега единствена утеха ѝ се спомените и надежта дека ќе се вратат.