-Премиерата на “Црно семе“ е утре, 16. април со почеток во 20 часот и е распродадена.
Денес на свената на Народниот театар Битола се одржа прес-конференција посветена на најновата премиера „Црно семе“, работена според романот на Ташко Георгиевски во режија на Андреј Цветановски.
-Станува збор за еден од култните романи на Ташко Георгиевски. Вчера 13.04 се навршија 13 години од неговата смрт, а оваа година исто така е јубилејна, се одбележуваат 90 години од неговото раѓање. Неговото семејство ни ги отстапи авторските права и беа среќни што некој се сетил да го постави на сцена неговиот текст од „Црно семе“. Претставата е посветена на нашите Македонци од Егејскиот дел на Македонија, на нивните страдања, упорност, издржливост, попустливост, на нивната борба за слобода, да зборуваат на својот мајчин јазик и борбата да го зачуваат својот национален идентитет“, истакна на почетокот директорот Васко Мавровски.
Ова е трета премиера на режисерот Андреј Цветановски во Битолскиот театар, кој на “пресот“ рече:
-Долго време барав место каде би можел да го поставам овој текст и среќен сум што е тоа овој театар, затоа што истиот за мене има големо значење и од семејна страна, мојот татко работеше тука често и се чувствувам како дома. За секој режисер најважно е да најде истомисленици, како што јас најдов тука. Судбината на помалите народи е тешка затоа што нивните приказни не се раскажуваат. Оваа претстава е да се издржи, да останеш свој и покрај сите притисоци.
Целиот текст на Bitolanews.mk