ПРВ.мк

Матурска гордост: Јована Богданоска блесна во народна носија!

Матурска гордост: Јована Богданоска блесна во народна носија!
VERO Banner

Во време кога глобалните трендови сè повеќе влијаат врз младите, матурaнтката Јована Богданоска покажа дека вистинската убавина лежи во почитувањето на традицијата. Оваа година, таа одбра да го одбележи својот матурски ден на еден посебен начин – облечена во македонска народна носија, со што ја истакна својата љубов кон татковината и културното наследство.

Нејзиниот избор предизвика воодушевување, не само кај нејзините најблиски, туку и во пошироката јавност, која со гордост ја поздрави оваа иницијатива. Споделувањето на фотографијата на социјалните мрежи предизвика бран позитивни реакции, а многумина изразија надеж дека и други матуранти низ Македонија ќе го следат нејзиниот пример.

Голема пофалба заслужува и училиштето на Јована, кое ја поддржало оваа идеја, охрабрувајќи ги учениците да ја истакнат својата национална гордост. Овој чин е потсетник дека Македонија има богато културно наследство кое вреди да се негува и пренесува на идните генерации.

Со надеж дека оваа традиција ќе стане дел од матурските прослави и во други училишта, Јована Богданоска ја испрати најубавата порака – дека нашите корени се живи и треба со гордост да ги покажуваме.

Жива е Македонија!

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран