Голем ден за македонската култура! Филмот „Мајка“, во режија на Теона Стругар Митевска, ја имаше својата светска премиера на реномираниот филмски фестивал во Венеција, отворајќи го патот за нови признанија и афирмација на македонската кинематографија на глобално ниво.

Зад ова остварување стои силна визија и посветеност од целата авторска екипа – доказ дека македонската креативност, кога е поддржана, може да создаде дела што зборуваат на универзален јазик.

Претставувањето на „Мајка“ на фестивал со ваков углед покажува дека уметноста од Македонија има што да каже и дека може рамноправно да стои рамо до рамо со светските филмски продукции.

Од Министерството за култура и туризам порачуваат дека ќе продолжат решително да поддржуваат проекти од ваков калибар – дела кои не само што ја збогатуваат домашната културна сцена, туку ја афирмираат Македонија на највисоките уметнички нивоа во светот.

Филмот „Мајка“ е уште еден силен потсетник дека вистинските приказни и талентот, кога се препознаени и поддржани, имаат моќ да допрат далеку – до срцата на публиката ширум светот.
