Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади врз Украина покажуваат дека Москва не размислува за завршување на војната.
Зеленски го опиша нападот врз Добропиља како „еден од најбруталните“, нагласувајќи дека бил „планиран со цел да предизвика максимална штета“. Во своето вечерно обраќање, тој потврди дека меѓу 11-те загинати има и припадник на итната служба.
„Русија со своите злосторства секој ден покажува дека ништо не се сменило во Москва – тие не размислуваат како да ја завршат војната, туку како да уништат и освојат уште повеќе, додека светот им го дозволува тоа“, изјави тој.
Зеленски им се заблагодари на светските лидери и дипломати кои ги осудија нападите на Русија и ги нарекоа работите со нивните вистински имиња.
„Важно е да продолжиме да ги координираме сите напори со нашите партнери, да обезбедиме успешна одбрана и да направиме се што е можно за да го доближиме мирот“, додаде тој.