На 25 февруари, елитната руска единица за дронови, Центарот за напредни беспилотни системи – Рубикон, започна со серија напади на главната линија за снабдување на украинскиот гарнизон во Суџа, во западниот руски регион Курск.
Аналитичарот Ендрју Перпечуа ги опиша нападите како „напредни тактики со дронови“, со сложени заседи кои нападнале на предните, задните и страничните делови на украинските возила, уништувајќи стотици воени возила.
Во понеделник или вторник, околу 10.000 украински војници се повлекоа од Курск, бидејќи без линии за снабдување и со опасност од опкружување, се повлекле брзо, оставајќи тешка опрема која не можеле да ја понесат.
Меѓу пленот кој го добиле руските сили се и најсовремени западни борбени возила и артилериска техника. Во 2023 година, САД испратија 31 тенк М-1 „абрамс“ на Украина, но 47-та механизирана бригада на Украина повеќе пати ги оставала оштетените „абрамс“ на теренот, а еден таков тенк беше заробен во Курск.
Украинците исто така изгубија 80 од 300-те „бредли“ возила што им беа испратени од САД.
Во Курск, се верува дека русите можат да заробат уште повеќе од 80 оклопни возила. Тешката артилерија на Украина, вклучувајќи 200 М-777 хаубици, исто така претрпела значителни загуби, со најмалку 55 уништени. Ова е дел од вкупната загуба од 500 возила и друга тешка опрема за време на борбите во Курск.