ПРВ.мк

Тенковите „Леопард“ и „Абрамс“ неефикасни на бојното поле во Украина

Тенковите „Леопард“ и „Абрамс“ неефикасни на бојното поле во Украина

Германските тенкови „Леопард 2“ и американските „Абрамс“ се покажаа неефикасни на бојното поле во Украина, признаваат во двете земји-донатори на оружје и воена опрема на Киев во војната со Русија.

Германските тенкови „Леопард 2“ и американските „Абрамс“ се покажаа неефикасни на бојното поле во Украина, признаваат во двете земји-донатори на оружје и воена опрема на Киев во војната со Русија.

Во доверлив транскрипт до Министерството за одбрабна на Германија од состанокот меѓу германското воено аташе стационирано во Киев и околу 200 војници на Бундесверот, дипломатот ги откри тешкотиите со кои се соочуваат Украинците во ракувањето со тешкото вооружување.

Тенковите „Леопард 2“ се ранливи на беспилотни летала, како и тенковите воопшто. Сепак, комплицираниот дизајн на „Леопард 2“ ја отежнува поправката на бојното поле, што значи дека оштетените „леопарди“ мора да се испратат до специјализирани тимови за поправка во западна Украина или дури да одат сè до Полска за да се поправат и одржуваат.

Vero

Слични проблеми се појавуваат и кај американскиот тенк „Абрамс“.

Во декември Џек Саливан, поранешен американски советник за национална безбедност, призна дека тенковите „Абрамс“ испорачани од САД „не се најкорисната опрема“ за Украина, пишува британски „Телеграф“.

Украинските медиуми објавија дека, како и „леопардот“, логистичкото одржување на тенкот е „преголем товар“.

Германија во 2023 година ѝ испрати 18 „леопарди“ на Германија, вредни 10 милиони долари секој, за кои Киев веруваше дека би можеле да го променат текот на војната, но не излезе така. Овие оклопни борбени возила со дострел од 2 км и со максимална брзина на движење од 72 км/ч функционираат добро кога имаат воздушна поддршка, но во Украина се лишени од неа. 

Од околу 80 „абрамси“ што доби Киев од САД и од Австралија, за најмалку 20 се известува дека се уништени, оневозможени или запленети.

Марк Хертлинг, пензиониран генерал на американската армија, во јуни минатата година за Си-Ен-Ен изјави дека тенковите „Абрамс“ се технолошко чудо, но тие имаат огромни барања за одржување.

„Тие се неверојатни тенкови, но им треба софистициран синџир на снабдување за да работат. Потрошувачката на гориво е огромна и тие бараат специјализирано одржување што би можело да ги оптовари постојните можности на Украина“, рече тој.

Киев пријави слични проблеми и со тенкот „Челинџер 2“ дониран од Велика Британија, при што еден украински екипаж изјави за „Сан“ минатата година дека тие често се расипувале и не можеле лесно да се поправат.

Agria