ПРВ.мк

Шефот на НАТО испрати сериозна порака до Русија: Ако ја нападнете Полска, последиците ќе бидат разорни

Шефот на НАТО испрати сериозна порака до Русија: Ако ја нападнете Полска, последиците ќе бидат разорни
Jumbo Banner

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Варшава предупреди дека секој што би имал намера да ја нападне Полска треба да биде свесен дека НАТО ќе одговори со полна сила и дека реакцијата ќе биде поразителна.

„Ако некој погрешно смета дека може да ја нападне Полска без последици, нашиот сојуз ќе реагира. Реакцијата ќе биде многу силна. Тоа треба да му биде јасно на господинот Владимир Путин или на секој кој ќе се обиде да не нападне“, изјави Руте на прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск.

Тој додаде дека сите земји треба да го следат примерот на Полска и да ги зголемат своите воени трошоци и да преземат конкретни мерки. Според него, САД имаат силна посветеност на НАТО и ќе продолжат да го одржуваат сојузот силен, а за ова зборуваше и поранешниот претседател Доналд Трамп. Руте истакна дека Европа исто така мора да ги зголеми своите инвестиции во одбраната.

Полскиот премиер Доналд Туск, пак, предупреди дека Полска треба да биде подготвена за различни сценарија, вклучувајќи и оние кои не ѝ се допаѓаат.

„Полска и јас лично немаме потреба да се оправдуваме за помошта што ѝ ја даваме на Украина. Сите знаат дека преговорите се во тек, но нашето влијание врз нив е ограничено. Затоа, Полска мора да биде подготвена за сценарија кои нема да бидат сосема онакви какви што ги опишавме“, изјави Туск.

Тој истакна дека е многу важно Полска да знае дека, додека геополитиката се менува, НАТО-солидарноста, вербата, сигурноста и гаранциите остануваат силни и дека членот 5 од договорот – „еден за сите, сите за еден“ – и натаму важи.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран