ПРВ.мк

Откриена тајна руска нуклеарна база во Европа?

Откриена тајна руска нуклеарна база во Европа?
Jumbo Banner

Радио Слободна Европа известува дека Русија наводно има тајна база за нуклеарно оружје во Белорусија, а првиот доказ за тоа е наводно незначајна фотографија снимена во базата за муниција 1405., која се наоѓа во централниот дел на Белорусија. Фотографијата, објавена на интернет во септември минатата година, прикажува монитор кој го покажува нивото на зрачење во базата, иако се наоѓа повеќе од сто километри од најблиската нуклеарна електрана, пренесува Дневник.hr.

Новинарите на Радио Слободна Европа исто така откриле докази кои укажуваат на засилени мерки за нуклеарна безбедност во близина на базата1405.

Документите откриваат дека на оваа локација се чуваат хемикалии за јодна профилакса, која е заштитна мерка во случај на нуклеарен инцидент. Ова е наведено во анексот на документацијата која се однесува на изградба на нова железничка пруга која ќе ја поврзе базата со воената база Осиповичи, за која се верува дека би можела да биде складиште за руски нуклеарни боеви глави.

Сателитски снимки покажуваат дека минатата година започнала изградбата на железничката пруга која ќе го поврзе складиштето за муниција со блиската воена база Аспировичи. Документацијата за овој проект, која вклучува детали за изградба на стражарски простории, реновирање на касарни и складишта за оружје, била доставена до новинарите од страна на Белпол, група на поранешни белоруски безбедносни службеници кои сега работат против режимот.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран