ПРВ.мк

Власта се заканува: Нови мерки за цените ако трговците почнат да користат „трикови“!

Власта се заканува: Нови мерки за цените ако трговците почнат да користат „трикови“!

Владата најави дека ќе интервенира доколку се забележи непринципиелно зголемување на цените, рече премиерот Христијан Мицкоски.

„Јас строго го следам движењето на цените и нема да толерирам никакви трикови од страна на трговците. Ако се појават неправилности, веднаш ќе реагираме со мерки, за кои јавноста ќе биде навремено информирана,“ порача Мицкоски.

Во февруари, на предлог на Министерството за економија и труд, Владата донесе мерки за ограничување на маржите на околу 100 групи производи и замрзнување на цените на осум клучни производи, кои важеа до крајот на април.

Министерот за економија Дурмиши посочи дека досега нема драстични промени во цените на основните прехранбени производи, но дека инспекциските служби ќе продолжат со засилено следење. „Ако се појават непоткрепени зголемувања на цените, веднаш ќе донесеме нови одлуки,“ рече тој на 14 јуни.

Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека во мај инфлацијата се зголемила за 1,5% во споредба со април, најмногу поради поскапувањето на храната и безалкохолните пијалаци, кои поскапеа за 4,1%.

Сподели го овој напис