Американскиот претседател Доналд Трамп денес им се обрати на инвеститорите, истакнувајќи дека, во услови на нестабилност на пазарите предизвикана од неговите нови царини кои ги воведе ширум светот, сега е идеално време за инвестирање во Соединетите Американски Држави.
„За сите инвеститори кои доаѓаат во САД и вложуваат големи суми пари – моите политики нема да се променат. Ова е одлично време за збогатување, повеќе од било кога досега!“, напиша Трамп на платформата Truth Social.
Неговата изјава следува во период кога глобалните пазари бележат пад поради ескалацијата на трговската војна помеѓу САД и Кина, а значителни загуби се регистрираат на клучните берзи во Лондон, Франкфурт и Њујорк.